Ако ве боли стомакот од пиво, тоа значи дека погрешно го ставате

Во видеото сомелиерот за пиво објаснува дека ако не се ослободил дел од јаглеродниот диоксид од пивото во чашата, ќе се ослободи во желудникот, а ако притоа се грицка и нешто солено, јаглеродниот диоксид кој ќе се ослободи во желудникот ќе поттикне надуеност и болка.

0
310

Како се точи пиво?

Излегува дека популарниот метод на точење при кое не останува ниту малку пена е целосно погрешен, што некои го чувствуваат по испиеното пиво затоа што може да предизвика надуеност и болки во стомакот. Макс Бејкер, сомелиер за пиво, покажал која е правилната техника на точење на пиво.

Во видеото Макс објаснува дека ако не се ослободил дел од јаглеродниот диоксид од пивото во чашата, ќе се ослободи во желудникот, а ако притоа се грицка и нешто солено, јаглеродниот диоксид кој ќе се ослободи во желудникот ќе поттикне надуеност и болка.

Од таа причина важно е пивото да се наточи во чаша, а не да се пие од шише.

„Вистински начин на точење на пивото е да ја држите чашата под агол од 45 степени, а пивото усмерено кон средината на чашата. Во идеален случај, тоа ќе го направите од оддалеченост, а не навалувајќи го шишето на работ од чашата, за да може шивото да помине низ малку воздух пред да се сталожи во стаклената чаша. Кога е чашата наполу наполнета, исправете ја и продолжете да полните до врвот“, објансува Макс. Освен тоа, пената му овозможува на пивото да ја задржи својата арома и горчливост, додава Макс.

Фото: Pixabey