Ако и вие како и повеќето луѓе мислите дека пченката има премногу калории, не сте во право. Една пченка има просечно од 80 до 100 калории. Содржи незаситени маснотии кои се сметаа за добри и го одржувааат здравото ниво на холестерол во крвта, ги смируваат воспаленијата и го чуваат здравјето на срцето. Бројни истражувања покажуваат дека пченката е одличен заштитник на срцето заради големите количини витамини Б, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум, магнезиум, антиоксиданти, лутеин и зеаксантин
Иако многумина сметаат дека е обична достапна намирница која расте на поле, всушност е единствена намирница полна со активни соединенија кои се нарекуваат фитонутриенти за кои е докажано дека го штитат здравјето на организмот со антиоксидативните вредности.
Пченката е полна и со влакна кои се благодет за варењето. Освен што ќе ви помогнат да ја одржите линијата, влакната спречуваат запек, појава на хемороиди и наводно го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека пченката помага за развој на добри бактерии во дебелото црево. Добра е и за желудочни проблеми, затоа што ги ублажува симптомите на гастритис и чир на желудник.
Пченката, а особено шеќерецот е незаслужено на лош глас кај рани „стручњаци“. Шеќерецот има сочно и вкусно зрно кое освен скроб содржи и белковини, па е многу здрав. Сепак има многу митови за пченката.
Кои се најчестите заблуди?
Повеќето пченки се генетски модифицирани. Не е точно – дури и во САД само три до четири отсто од пченката одгледана за човечка консумација е ГМ.
Пченката дебелее, затоа со неа се тови добитокот. Тоа е заблуда. Пченката има ист број калории како и јаболкото, но помалку од четвртина шеќери. Со други зборови, пченката е една од најздравите намирнници, а тоа што некои јајадат исклучиво со путер и сол, е сосема друга приказна.
Варењето ја намалува хранливоста. Неточно. Антиоксидативната активност која помага за заштита на организмот од рак и срцеви болести, всушност се зголемува кога пченката ќе се свари.
Пченката не содржи здрави состојки. Сосема погрешно. Пченката содржи лутеин и зеаксантин, две фитохемикалии кои го чуваат видот, а има и корисни диетални влакна.
Пченката треба да се одбира по бројот на зрната. Бесмислено. Разновидноста е далеку помалку важна од свежината. Која и да е пченка може да е лоша само ако е стара. Ниту бојата не е клучна при изборот, Жолта бела, двобојна, сеедно. Бојата зависи од регион до регион.
Свилата како диуретик. Кај народот е познат фактот дека пченкарната свила е добра како диуретик, но и кај срцеви проблеми и уринарни болести.
Замрзнатиот шеќерец не ги губи својствата со длабокото замрзнување па може да се приготвува на ист начин како и свежиот или конзервираниот.
Здравствени поволности
За време на варењето или печењето се ослободуваат молекули кои го штитат организмот од штетното влијание на слободните радикали. Тоа ја зголемува антиоксидативната моќ на пченката, па тој штити од рак, срцеви болести, катаракта, Алцхајмер.
Пченката шеќерец посебно им се препорачува на идните мајки затоа што едно од најважните медицински откритија на 20.век зборува дека правилното внесување на фолна киселина за време на бременоста ги намалува оштетувањата на нервниот систем на новороденчето за 48 до 80 отсто.
Фото: Pixabey