Коренчињата чичоки се богати со влакна и со протеини заради што му даваат на организмот енергија, го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат согорувањето на мастите. Ако сакате да ослабнете, можете да ги ставите како фил во вашата пита.
Состојки за пита со урда и чичоки:
3 чичоки
300 г праз
1/3 кг урда
- јајца
кори за пита
маслиново масло
зачини
Приготвување:
Обарете ги коренчињата, излупете ги и исечкајте ги на коцкички. Празот исечкајте го на тркалца и се заедно малку издинстајте ги на маслиново масло. Потоа тргнете ги настрана.
Изматете ги јајцата, додадете ја урдата и добро измешајте, а потоа додадете ги и чичоките и празот. Посолете и зачинете по желба.
Распоредете го филот врз корите и завиткајте ги во ролат, или наредете ги и обликувајте ги според тепсијата која треба да биде премачкана со малку масло и редете ги една врз друга. Печете пола час на 180 степени, па зголемете на 200 последните пет минути.