Ако претерате со алкохол или со лоша храна, помогнете си со куркума

0
1395

Куркумата е познат „чистач“ на црниот дроб. Таа ги смалува набрекнатите канали на црниот дроб, такашто може да биде корисна за лекување на состојби како хепатитис, цироза и жолтица. Исто така, содржи важни витамини и минерали, како што се железо, манган, калиум, витамин Б6 и витамин Ц.

Активната состојка на куркумата – куркуминот, природен жолт пигмент, има позитивно влијание на организмот, ја подобрува работата на мозокот и срцето, но е и силен блокатор на клетките на ракот. Истражувањата покажале дека куркуминот делува врз ракот како паметните лекови. ги уништува канцерогените клетки, додека здравите ги остава недопрени. Исто така, познат е по многу можните антиоксидативни и антибактериски својства.

Според клиничките истражувања, може да помогне во лекување на ракот на простата, на дојка, на матрка, дебело црево, црн дроб, бели дробови, кожа или претканцерогени состојби на кожата. Подобрувањето на работата на имунолошките клетки од нивните сопствени отрови (прооксиданси) кои се користат за убивање на клетките на ракот. Куркумата можете да ја земате такашто што една лажичка куркума во прав ќе помешате во една чаша вода, сок или смути.