Кога ќе дојде есен, главни ѕвезди се јаболките и тиквите, но многу често се случува да ги заборавиме крушите
Иако можеби не се најпопуларна есенска намирница, има бројни причини зошто не би требало да ги занемариме.
Крушите не се само сочни и вкусни, туку се и една од најздравите есенски намирници.
Тие изобилуваат со влакна, па помагаат за спречување на надуеноста, одржување на здравото ниво на холестерол, а добри се и за превенција на рак од дојка, срцеви болести и дијабетес тип 2.
Крушите се извор на низа витамини – Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Идеално овошје се за трудниците или за мајките кои дојат. Од минерали, содржат калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси па една круша на ден ќе направи чудо за вашиот имунитет.
Крушите содржат и бор кој на нашето тело му е неопходен поради подобра апсорпција на калциум, што го прави ова овошје силен сојузник во борбата со остеопорозата.
Уште една нивна предност е тоа што се смета за хипоалергенско овошје, што значи дека можат да ги консумираат и оние кои се чувствителни на храна.
Јадењето три или повеќе порции овошје дневно, како крушите, може да го намали ризикот од сенилност. Кората на крушите содржи кверцетин, антиоксиданс кој помага во спречувањето на ракот и оштетувањето на артериите кои предизвикуваат срцеви тегоби. Неодамншените истражувања покажале дека консумирањето на круши може да помогне во спречувањето на Алцхајмерова болест.
Верувале или не, постојат повеќе од 3 илјади различни видови круши, а секоја од нив има посебен вкус. Можете да одберете слатки, сочни или потврди круши, а пред да ја најдете својата омилена сорта, испробајте што повеќе од нив.
Можете да ги комбинирате со солено, како на пример, со козјо сирење или со пршут, но и во слатка варијанта. А тука опциите се бесконечни. Пробајте па набрзо ќе заборавите на питата со јаболки. Ако имате при рака некоја сочна круша, не мора да размислувате во кој период од денот е добро да ја изедете, затоа што можете да ја јадете и дење и ноќе.
Фото: Pixabey