Истражувачите од Кардиоваскуларниот институт во Исфахан, Иран, спровеле нова студија со цел да се испита можната поврзаност помеѓу јадењето јаткасти плодови и ризикот од кардиоваскуларни заболувања и смрт кај иранското население.
Во студијата учествувале вкупно 5.432 на возраст од 35 години и повеќе, без историја на кардиоваскуларни заболувања.
Учесниците биле избрани по случаен избор од урбаните и руралните области на округот Исфахан, Арак и Наџафабад и нивното консумирање на јаткасти плодови – вклучувајќи ореви, бадеми, фстаци, лешници и семиња – беше измерено со помош на прашалник за фреквенција на консумирање на храна.
Истражувачите потоа ги следеле учесниците за да ги регистрираат стапките на кардиоваскуларни настани и смрт, вклучувајќи коронарна срцева болест, мозочен удар, целосно кардиоваскуларно заболување, смрт од која било причина и смрт од кардиоваскуларни заболувања.
Наодите, презентирани на ЕСС (Европско здружение за кардиологија) Конгрес 2019 заедно со Светскиот конгрес за кардиологија, покажаа дека консумирањето на јаткасти плодови два или повеќе пати неделно е поврзано со 17 проценти помал ризик од смрт од кардиоваскуларни заболувања, во споредба со јадење јаткасти плодови еднаш на секои две недели.
Резултатите, исто така, го покажувале истото дури и откако биле земени предвид потенцијално влијателните фактори, како што се возраста, полот, образованието, пушењето и физичката активност.
„Јаткастите плодови се добар извор на незаситени маснотии и содржат малку заситени маснотии“, вели авторот на студијата, д-р Нушин Мохамидард. „Тие исто така имаат протеини, минерали, витамини, растителни влакна, фитостероли и полифеноли кои имаат здравствени придобивки за срцето. Европските и американските студии имаат студии кои ја покажуваат поврзаноста на консумирањето на јаткастите плодови со кардиоваскуларната заштита, но има ограничени докази од Источниот Медитерански регион“.
Според упатствата на ЕСС, консумирањето 30 грама несолени јаткасти плодови на ден е дел од здравата исхрана, иако насоките забележуваат дека количината на калории на јаткастите плодови е голема.
„Сировите свежи јаткасти плодови се најздрави“, додава д-р Мохамадифард. „Јаткастите плодови треба да бидат свежи затоа што незаситените масти можат да оксидираат во застоените плодови, што ги прави штетни. Можете да оцените дали јаткастите плодови се ужегнати по нивниот мирис на боја и горчлив или кисел вкус“.
Фото: Pixabey