Познато е дека исхраната богата со зеленчук е исклучително здрава и го намалува ризикот од појава на рак и го штити здравјето на срце. Но дали знаевте дека кај некои здравствени проблеми може да биде опасно.
Прочитајте во кои случаи би требало да ја намалите или да избегнувате консумирање домати, спанаќ, шпароги…
Ако имате киселини: проверете дали ви штетат доматите
Засега уште неидентификувана материја во доматите и во производите врз база на домати може да предизвика киселини, да го поттикне гастроезофагеалниот рефлукс. Затоа оние кои страдаат од тој проблем би требало на две или три недели да ги исфрлат доматите од исхраната за да проверат дали состојбата ќе им се подобри.
Лекови за разредување на крвта: бидете внимателни со лиснатиот зеленчук
Ако земате лекови за разредување на крвта, како Варфарин, многу е важно да одржувате константно ниво на витамин К во крвта. Имено, наглото зголемување на нивото на тој витамин во крвта може да го намали дејството на лекот. Тоа значи дека е важно да се биде внимателен кога станува збор за внесување на зеленчук во организмот, зашто зеленчукот е наш главен извор на тој витамин.
Настојувајте секој ден да консумирате отприлика еднаква количина зеленчук (наместо нагло да ја намалувате или зголемувате), а ако сте љубител на она кое е особено богато со витамин К, како кељ, блитва, спанаќ, зелена салата и репка, држете се до мерката од пола шолја дневно и настојувајте секогаш да ја јадете во исто време.
Камења во бубрег: намалете со консумирањето на спанаќот
Еден од петмина луѓе кои страдаат од калциум-оксатни бубрежни камчиња (што е најчест вид на бубрежни камчиња) има високо ниво на оксалати во мокрачата. Затоа, ако имате или сте имале бубрежни камчиња, намалете го внесот на намирници богати со оксалати како што се рабарбара, спанаќ и цвекло.
Ако страдате од алергии: Бидете внимателни со артичоките, авокадото, ротквиците
Консумирањето на артичоки може да предизвика алергиска реакција кај луѓето кои се чувствителни на алергени на амброзија. Од друга страна, лицата кои се чувствителни на латекс можат да имаат алергиска реакција на авокадо. Многу лица кои се чувствителни на аспирин можат да имаат алергиска реакција на ротквиците кои содржат салицилати – состојки слични на активната состојка присутна во аспиринот.
Многу малку шпароги ако имате гихт
Ако боледувате од гихт внимавајте со консумирањето на шпароги. Тие содржат пурини – материи кои поттикнуваат прекумерно лачење на мокрачна киселина, а таа предизвикува многу болни напади на гихт.
Кај вишок на килограми: Не јадете пржени модри домати
Бидете внимателни со консумирањето на јадења од модри домати. Имено, сунѓерастата текстура на тој зеленчук впива маснотии. Така на пример, пржените домати впиваат дури четири пати повеќе маснотии од пржените компири. Ако сакате да го држите внесувањето на калории под контрола, печете ги во рерна, варете ги во вода или на пареа или печете ги на жар.
Слабо активна штитна жлезда: репка, само варена
Репката содржи две гоитрогени материи, прогоитрин и глуконастуртин, кои можат да влијаат на способноста на штитната жлезда да лачи хормони.
Тие материи не претставуваат никаков ризик за здрави луѓе кои консумираат умерена количина репа, но оние со хипотиреоза би требало да бидат внимателни и да го приготват овој зеленчук со варење зашто се покажало дека варењето ги деактивира гоитрогените материи.
Фото: Pixabey