За да не мора да чекате праските да пуштат арома, ставете ги во блендер со ѓумбирот па исцедете ги преку газа во чајот. Наместо праски ќе послужат и јагодите, а ако сакате да биде поблаго, наместо шеќер, ставете мед.
Состојки:
2 лажички зелен чај
1 лимон
4 праски
Корен од ѓумбир (1 cm)
Нане
Приготвување:
Ставете ги ливчињата зелен чај во врела вода па оставете ги 5 минути и процедете.
Праските и ѓумбирот излупете ги и изблендирајте ги со малку вода па исцедете ги преку газа.
Сокот од лимон, ѓумбир и праски ставете го во зелениот чај.
Додадете праска исечена на парчиња и оставете да се лади.
Послужете со свежи ливчиња нане.