Јајца на око во пиперка

Да, да, јајцата ги кршите директно во парче зелена бабура кое ви служи како рамка...ем убаво изгледа, ем е здраво и вкусно

0
189

За овој појадок како по книга, ви требаат само јајца и обична зелена бабура. Пиперката содржи витамин Ц, а јајцата се извор на протеини. Што е подобро од ова за почеток на денот?

Состојки:

4 јајца

1 зелена бабура

сол

Приготвување:

Исечете ја бабурата по широчина на тенки рамки. Ставете ги рамките од бабурата во тефлонско тавче намачкано со путер и искршете ги внатре јајцата. Зачинете по вкус и појадокот е готов за 5 минути.