Авторите на извештајот за СЗО истакнуваат дека се тоа добри вести, но дека не се во согласност со модерните диети во кои се инсистира на помало внес на јаглени хидрати.
Истражувањето го водел доктор Џим Ман од новозелндскиот универзитет Отаго кој е заслужен за тоа што во препораките на СЗО се значително намалени препорачаните количини за внес на шеќери.
Шеќерот е лош јаглен хидрат, додека влакната кои се наоѓаат во лебот од житарки со цели зрна и муслите од овес се добри јаглени хидрати.
Затоа диетите кои радикално ги отфрлаат јаглените хидрати, дури и оние богати со влакна, кои, како што тврдат научниците, спасуваат животи, треба да се избегнуваат.
Во истражувањето се зборува дека секој човек би требало дневно да внесува најмалку 25 до 29 грама влакна, со напомена дека 30 и повеќе грама би било уште подобро. Поголемиот дел од светската популација внесуваат помалку од 20.
Меѓу оние кои јаделе најмногу влакна, смртноста од сите причини се намалила од 15 до 30 отсто во споредба со лицата кои консумирале исклучително помалку влакна.
Ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и рак на дебело црево е помал од 16 до 24 отсто.
Професор Ман, кој го водел ова истражување, сепак мисли дека овие новооткриени сознанија нема да стави крај на „војната на диетите“ затоа што во целата приказна се вклучени многу лични интереси.
Препреките ги наметнуваат многумина, почнувајќи од производителите на храна, па сѐ до готвачите, особено до оние славните.
Исто така, тука се и личните професионални интереси на многу доктори и научници кои не сакаат да се откажат од своите убедувања.
Фото: Pixabey