Состојки:
1,5 кг свинско месо без коска со кожа натапкана во 20 мл малку пропржено семе од ким, сол и свежо мелен бел пипер по вкус
За солените карамелизирани парчиња јаболка:
4 црвени јаболка
3 лажици путер
4 лажици кафен шеќер
крупна сол по вкус
За сосот од јаболка:
1 лажица маслиново масло
1 лажица свеж ѓумбир, ситно сечкан
3 чешниња лук, згнечени
2 цели ѕвезди анасон (по желба)
кора од 1 портокал
1 чаша бистар сок од јаболко
1/4 чаша течен мед
1/2 чаша светол соја сос
1/2 чаша сладок чили сос
1 лажица јаболков оцет
2 лажици свеж коријандер, сечкан
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200° C.
2. Засечете го масниот дел врз свинското месо, или на бразди или во форма на дијамант. Или уште подобро замолете го вашиот месар да го направи тоа за вас. Внимавајте да не го засечете месото.
3. Втријте ја солта врз кожата лесно и оставете ја да стои 25 минути, солта ќе ослободи течност во кожата што ќе даде крцкави пукнатини што пукаат кога ќе загризете. Потоа избришете ја кожата со хартиена крпа.
4. Зачинете ја и долната страна од месото со сол, бел пипер и ким. Убаво тријте да навлезат во сите дупки и шуплини.
5. Втријте ја кората со малку масло и попрскајте малку сол. Не ставајте зачини бидејќи тие ќе изгорат.
6. Ставете го месото во загреана рерна на 200°C и печете 20 минути.
7. Намалете ја температурата на 180° C и оставете да се пече околу 1 час и 15 минути или додека месото стане меко и вкусно. (Околу 50 минути по 1 кг)
8. Извадете го свинското месо од рерна, и ако нема крцкави меурчиња по браздите, намачкајте малку маст во еден слој.
9. Вратете го во рерната и печете додека стане крцкаво. Откога ќе го извадите печењето покријте го со фолија за да се одмори и да остане топло.
Приготвување на сосот од јаболка:
1. Исцедете ја маснотијата од тавата и добиениот сок разредете го во 1/2 чаша вода.
2. Загрејте масло во мало тенџере за сос и малку запржете ги ѓумбирот, лукот и ѕвездата од анасон околу една минута, со постојано мешање за да не изгорат.
3. Додадете ги кората од портокал и сокот од јаболко, медот, соја сосот и слаткиот чили сос во разредениот сок од печењето и оцетот.
4. Оставете да се вари на тивко до течно стаклест изглед, промешајте го сечканиот коријандер и тргнете го од оган.
5. Вкусете го сосот, додајте сол по потреба и уште малку соја сос, ако сакате.
Приготвување на карамелизирани парчиња јаболка:
1. Пресечете ги горниот и долниот дел од јаболката. Секое јаболко пресече го на половина хоризонтално.
2. Загрејте го путерот во голема тава со дебело дно. Ставете ги јаболката и посипете ги со шеќер. Протресете ја тавата полека и оставете да се топи шеќерот.
3. Варете ги јаболката на тивко додека станат златни од едната страна, превртете ги и оставете 1 минута. Посипете со крупна сол и тргнете ги од шпоретот.
Сервирање:
Исечете го свинското месо на тенки парчиња и положете ги на чинија за послужување. Прелијте ги одозгора со сосот. Послужете со солени карамелизирани јаболка, боранија приготвена на пареа и печени млади компири.
Совет:
Изладете го месото пред да ја сечете крцкавата кора и тоа со остар нож. Полесно се сече кога е ладно. Секогаш оставете го месото да се одмори пред да го сечете бидејќи топлината предизвикува влакната од месото да бидат поцврсти. Кога месото ќе отстои соковите се редистрибуираат затоа што влакната се олабавени.
Извор: Реза Мохамад