Тимот математичари на Твитер профилот Fermat’s Library одлучиле да пресметаат дали ќе добиете повеќе пица ако нарачате две мали или една голема. Се покажало дека пресметката оди во прилог на големите пици.
За пример земале пица со пречник од околу 30 сантиметри и голема со пречник од околу 45. Откако со помош на едноставна математичка формула ја пресметале површината, се покажало дека две мали пици имаат површина од 226 вадрати инчи, додека една голема има површина од 254 квадратни инчи.
Фото: Pixabey