Пудинг со тиква

Ако тиквата не ви е многу погодена, не дозволувајте да остане или да се фрли. Направете пудинг.

0
465

Понекогаш тиквите можат да бидат толку вкусни, суви и благи, што не им треба ништо освен да ги испечете и да уживате во вкусот.

Но некогаш навистина знаат да бидат како „тиква“. Познато ли ви е она што се вели за нешто што не е вкусно дека е како тиква?

Веројатно ова доаѓа токму оттаму, поради тие невкусни и непогодени тикви.

Но дури и тие не треба да се дозволи да ви се расипат и да се фрлат. Секогаш можете да ги употребите за салата или пак од нив да направите пудинг.

Постои верзија со млеко или посна, со обична вода.

Начинот на приготвување е следен:

Тиквата е веќе печена, па го земате „месото“ го пасирате и го оставате настрана. Во тенџере ставате вода (или млеко) и го правите пудингот од ванила според упатството на кесичката со тоа што можете да ставите малку повеќе течност бидејќи дополнително ќе се згусне кога потоа ќе ја додадете тиквата. Но не додавајте многу повеќе. Можете да ставите и ванилин шеќер.

Кога е пудингот готов, додадете ја пасираната тиква, измешајте убаво и префрлете го пудингот во садови за пудинг, поросете со цимет и послужете.