Состојки:
3 јајца
150 г мед
180 г јогурт
4 лажици маслиново масло
1/2 лажичка цимет
Прстофат сол
250 г овесни снегулки
1 лажичка сода бикарбона
50 г сечкани ореви
300 г крупно рендани јаболка
100 г ситно рендани моркови.
Приготвување:
Изматете ги јајцата со медот, јогуртот, маслото, циметот и солта.
Додадете ги овесните снегулки, оревите и содата.
Измешајте ја смесата па додадете ги јаболката и морковите.
Измешајте сѐ убаво па истурете ја смесата во калап за печење (26цм) обложен со мрсна хартија.
Печете го колачот 25 минути на температура од 180 °C.
Фото: Sharon Chen on Unsplash