Како да го направите најздравиот намаз на светот?

За приготвување на хумусот најбитен е односот на наутот и таанот, како и зачините. Правилниот баланс дава боженствен вкус, но ако се пренагласи едната состојка, вкусот е нерамномерен.

0
1861

Хумусот е намаз од наут и сусам со додаток на зачини. Наутот се вари и се пасира, а сусамот се пржи и се мели или пак се додава готов таан, па со додаток од лимон, сол и масло настанува најверојатно најздравиот и највкусниот намаз на светот.

Хумусот е познат повеќе од 2000 години, а потекнува од блискоисточните земји. Често го користат и кујните од јужниот Медитеран, а западната култура го открила во поново време и го прави во разни варијации.

За приготвување на хумусот најбитен е односот на наутот и таанот, како и зачините. Правилниот баланс дава боженствен вкус, но ако се пренагласи едната состојка, вкусот е нерамномерен. Освен тоа, многу е важно состојките да бидат свежи и квалитетни, а вистинските познавачи велат дека тајната е во сусамот. Посебноста на овој единствен намаз е во полнотијата на неговиот вкус и високите нутритивни вредности.

Со што да се сервира хумусот?

Хумусот може да се сервира на различни начини, а најмногу се користи како намаз за леб или како сос кој се јаде со свеж зеленчук, како што се исечкани моркови или целер. Хумусот е веднаш подготвен за јадење како самостоен оброк или како прилог, а може да се јаде во секое време од денот и во сите пригоди.

Може да се послужи како намаз за појадок или за предјадење, како ужина на работа или во сендвич. Иако е исклучително погоден за вегетаријанци, велат дека хумусот одлично се сложува со месо од скара или со пршут.

Наутот е познат како растително месо затоа што е богат со протеини, а сусамот е исклучително богат со калциум. Заради своите главни состојки, хумусот е оптимален сооднос на белковини, јагленохидрати и здрави маснотии.

Претставува богат извор на железо, калциум, витамин Б6, влакна и лецитин. Има низок гликемиски индекс па е погоден за дијабетичари, а не содржи ниту маснотии од животинско потекло. Исто така, не содржи глутен и е погоден за лица чувствителни на глутен.

Состојки:

Околу 300 г варен наут

150 мл од водата во која се варел наутот

1 полна лажица таан

100 мл маслиново масло

сок од 1 лимон

сол

1 лажичка кумин

2-3 чешниња лук

Приготвување:

Наутот се накиснува во вода и се остава да стои преку ноќта, а следниот ден се вари.

Откако ќе се олади, се става во блендер со водата, лукот, маслиновото масло и сокот од лимон. Се зачинува и се меша во блендер. По желба можете да додадете и ситно исечкан свеж магдонос.