Во Шведска можете да ги најдете во пекарите под различни називи, како kanelbullar, а најдобро одат со кафе. Секако, за да ги пробате не морате да одите до Шведска. Направете ги дома.
Состојки:
За тестото:
400 мл млеко
110 г путер
2 x 7 г сув квасец
110 г шеќер
750 г брашно
½ лажичка сол
2 лажички кардамом
За премачкување:
4 лажици шеќер
1 јајце
Фил:
110 г путер
90 г шеќер
2 лажици цимет
Приготвување:
Растопете го путерот на тивок оган па додадете млеко и мешајте. Тргнете ја смесата од огнот.
Помешајте ги брашното, солта, квасецот и кардамомот. Во средината ставете го путерот растопен во млекото.
Префрлете ја смесата на работната површина и замесете па оставете го тестото покриено со проѕирна фолија да одмара 45 минути.
Загрејте ја рерната на 220°C. Измешајте ги циметот, шеќерот и путерот.
Пола од тестото расукајте во облик на квадрат со дебелина од околу 3 мм и размачкајте ја врз него смесата од цимет па завиткајте во ролна. Повторете ја постапката со другата половина.
Исечете го тестото на кришки и ставете ги во тркалесна тепсија за печење. Премачкајте ги со матено јајце и поросете со шеќер. Печете 15 до 20 минути.
Фото: Kjartan Einarsson on Unsplash