Фалафел ќофтиња

Ако сѐ уште не сте ги направиле сега е вистинско време за тоа, бидејќи се време на пости

0
1289

Состојки:

200 г сирови леблебии

2 главици кромид

2-3 чешниња лук

Пола китка магдонос

2 лажици брашно

пола лажиче мелен ким

пола лажиче црвен пипер (може и лут)

по потреба сол и црн пипер

ако имате коријандер

1 лажиче прашок за пециво

Приготвување:

Леблебиите прелијте ги со студена вода (нека има барем двојно повеќе вода од леблебии) и ставете ги да преноќат во фрижидер. Следниот ден исцедете ги и измијте ги.

Исечкајте ги на ситно леблебиите, кромидот, лукчињата и магдоносот, но да не стане каша. Структурата треба да биде зрнеста.
Ставете го брашното, прашокот за пециво и зачините и измешајте ги со смесата. Формирајте ќофтенца и ставете ги во длабоко масло да се пржат.

Кога ќе се зацрвенат од сите страни извадете ги на хартија да се впие вишокот маснотија.

Фото: Pixabey