Сокот од компири го јакне имунитетот и го чисти телото од токсини

Дали знаете дека сокот од компири докажано помага во борбата со ракот, дијабетесот, гастритисот, високиот крвен притисок и многу други сериозни болести?

0
907

Корисните својства на сировиот компир се одамна познати во народната медицина, но и покрај тоа, и натаму мислиме дека не би требало да консумираме сиров компир. Тоа е грешка, затоа што во сиров облик компирот е многу здрава и исклучително корисна храна.

Покрај бројните заблуди во врска со консумирањето компири, вреди да се спомене  дека преовкадува мислењето дека е потребно да се излуи компирот пред јадење, затоа што неговата лушпа е отровна. Всушност, лушпата од органски одгледаните компири не содржи никакви материи кои се штетни за здравјето.

Незрелиот компир со зелена лушпа, како и компирот кој ќе изрти може да бидат опасни. Опасноста лежи во соланинот – отровот кој постои во никулците и во зелените делови од компирите. Меѓутоа, кај ваквиот компир лесно можете да ја отстраните лушпата пред употреба.

Компирот како лек за многу сериозни болести

Многу истакнати стручњаци, како што се Иван Лесинџер и др Јован Туцаков, пишувале за лековитите својства на сокот од компири. Лесинџер смета дека сокот од компири е природен лек за лекување на гастритис, една од најраспространетите болести на модерното време. Тој препорачува да се земе една лажица сок од компири кој е разблажен со малку вода, пола час пред појадок, ручек и вечера.

Во лекување на дванаесетпалачното црево и желудникот, се советува земање пола децилитар сок од компири на празен стомак, а потоа пола децилитар пола час пред ручек и вечера.

Др Јован Туцаков тврди дека сокот од компири има благотворно дејство на намалувањето на нивото на шеќер во крвта, како и во лекувањето на болестите на белите дробови и дишните органи, дури и кај тешки болести како што е емфиземот.

Будистичкиот монах Томизава, автор на книгата „Пат кон здравиот живот: Од ракот не треба да се плашите“, тврди дека дневната консумација на два децилитри сок од компири може во голема мерка да придонесе за лекување на ракот и други тешки заболувања.

До заклучок за ефикасноста на компирите во борбата против ракот, постепено се доаѓало и преку научните истражувања.

Професорот Кагамине од Медицинскиот универзитет во Акити (Јапонија), успеал да ја издвои супстанцата од сировиот компир која се покажала ефикасна во сузбивањето на растот на клетките на туморите кај глувците. Резултатите од ова истражување се објавени на Меѓународниот конгрес за борба против ракот, кој е одржан во Германија.

Сокот од компири се користи како дел од познатата Бројсова терапија против рак. Денеска компирот повеќе добива на значење како ефикасно средство во борбата против заболувања на бубрезите и црниот дроб, но и во случаи на срцеви болести, висок крвен притисок, дијабетес, лумбаго, ревматизам итн. Без оглед на позитивните ефекти во лекувањето на тешките болести, пиењето на сок од сиров компир е одличен алат за јакнење на имунитетниот систем. Освен тоа, помага во намалувањето на честите главоболки и менструалните болки.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено, пијте сок направен од еден компир со средна големина, морков и јаболко, еднаш дневно, наутро и навечер, а за две недели ќе ви се поправи здравствената состојба.

Предности на сокот од компири:

Го јакне имунитетот

Го чисти телото од токсини

Лекува кожни заболувања

Се користи во борба против ракот

Помага кај гастритис и други стомачни проблеми

Помага за снижување на нивото на шеќер во крвта

Помага кај болестите на црниот дроб и бубрезите

Штити од кардиоваскуларните болести

Лушпата од компирите придонесува за детоксикација на телото и претставува извор на многу хранливи материи

Ако јадете неизлупен компир, особено сиров, вашето тело ќе добие доста скапоцени состојки, како што се јаглени хидрати, протеини, витамин Ц и Б6, калиум, железо, магнезиум и цинк. Важно е да се напомене дека витаминот Ц се губи со варењето што е вистинска штета, бидејќи сиров компир со средна големина има дури 27 мг витамин Ц, што е 45 отсто од препорачаниот дневен внес на овој витамин. Помеѓу другото, компирот е многу ефикасен во лекувањето на проблематичната кожа. Заради своето антисептичко својство, одлично средство е за чистење на проблематичната кожа, а бидејќи содржи висок процент на витамин Ц и скроб, ја храни кожата и го спречува нејзиното стареење.

Приготвување на сок од компири

Приготвувањето на сок од компири е многу лесно. Пред сѐ, измијте го компирот и отстранете ги сите никулци и зелените делови од кората. И ставете го во соковник а доколку немате, исечете го компирот на тенки парчиња, завиткајте ги во платнена крпа и исцедете го сокот.

Секогаш треба да се пие свежи приготвен сок од компири, а можете да го помешате и со овошје или зеленчук по ваш избор, како на пример, со јаболко или моркови, и со лимон и мед, за да се подобри вкусот.

Фото: Pixabey