Ѓевречиња од само две состојки (ВИДЕО)

Го испробавме овој рецепт од само 2 состојки. И навистина е само 5 минути работа и 20 минути печење. Со ова тесто можете да правите што сакате. Ние направивме ѓевречиња

0
921

Со ова фантастично тесто од само две состојки можете да правите буквално се. Набрзина. Тоа може да биде тесто за пица, переци, ѓевречиња, погачици со различни додатоци за кои ќе се сетите.

Ние, колку за проба, направивме ѓевречиња.

Измешавме спелтино и обично пченично брашно (може и само со бело или некое друго по ваш избор) и една чаша павлака. Замесивме тесто кое беше малку лепливо. Ги обликувавме ѓевречињата, ги премачкавме со ладно цедено сончогледово масло (може и со маслиново масло, со изматено јајце или со некоја друга смеса по ваш вкус), поросивме шарена сол, ким и мак и ги ставивме да се печат во загреана рерна на 200 степени.

Готови се 15-20 минути.

И превкусни се онака топли.