Освен што е препознаен како одличен зачин во кујните ширум светот, лековитите својства на ѓумбирот се сепак главна причина за неговата популарност.
Можеби е најпознат фактот дека ѓумбирот помага во ублажување на мачнините и повраќањето како и кај тегобите со варењето – не само што го смирува желудникот, туку ги олеснува надуеноста и запекот и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.
Но освен тоа ѓумбирот содржи и антиоксидантни , анмтимикробни и противвоспалителни својства – затоа „чашка“ ѓумбир рано наутро е одличен начин да го почнете денот. Ќе го разбуди вашиот метаболизам и ќе ви даде енергија.
Ѓумбир и лимон „на екс“
Ѓумбирот и лимонот се вистинска комбинација која гарантира доза здравје. Освен споменатите предности, ѓумбирот ќе ви го разбуди системот за варење, а сокот од лимон исто така има бројни користи затоа што е добар извор на витамин Ц што може да придонесе за работата на имунолошкиот систем и за подобрување на кардиоваскуларниот системмж, а дава свој придонес и за здравјето на косата, кожата и ноктите.
Состојки:
2-3 цм корен од ѓумбир
½ јаболко
Сок од пола лимон
Приготвување:
Излупете ги јаболкото и ѓумбирот и исечете ги на помали парчиња, ставете ги во соковник и додадете сок од лимон. Испијте го сокот „на екс“.
Ако немате соковник, можете да го направите и во блендер со тоа што ќе додадете малку вода а потоа ќе го исцедите за да го одвоите сокот од пулпата.
Една кратка за будење
Куркумата е уште еден силен противвоспалителен зачин познат и по присуството на хранливи материи кои продонесуваат за здравје на срцето и имунолошкиот систем и тоа најнапред благодарение на состојката куркумин. Спарувањето на црниот пипер со куркумата може да го подобри нејзиното делување, затоа што црниот пипер содржи пиперин, состојка која ја зголемува бирасположивоста на куркумата.
Состојки:
Сок од 1 лимон
5 цм свеж корен од ѓумбир
3 цм свеж корен од куркума или 1 лажичка куркума во прав
½ лажичка црн пипер
½ лажичка цимет
Приготвување:
Исчистете ги корените ѓубир и куркума и исечете ги на поситни делови, ставете ги во блендер и додадете го сокот од лимон, циметот и црниот пипер и мешајте додека не се добие компактна смеса.
Исцедете низ цедалка (по потреба додадете малку вода). Ако направите повеќе од една чашка сок, можете да го чувате остатокот во стаклена тегличка во фрижидер.
Моркoв и ѓумбир
Бидејќи морковот е луткаст, блажината на морковот ќе го ублажи неговиот вкус, а воедно обезбедува дополнителни поволности за здравјето.
Морковот е меѓу најбогатите извори на каротеноидот провитамин А, кој благотворно делува на видот и на имунолошкиот систем.
Состојки:
2-3 цм корен од ѓумбир
1 морков со средна големина
1 голем лимон
Приготвување:
Измијте ги сите состојки и исечете ги на помали парчиња. Излупете го лимонот, оставајќи ги повеќето бели делови и исечете го на кришки, но отстранете ги семките. Ставете ги сите состојки во соковник и послужете ги во мали чашки.
Се разбира, најдобро е да се испие „на екс“.
Фотографијата е преземена од ТУКА.