Кисели краставички во … машина за миење садови

Има уште време да подготвите кисели краставички во тегла, но овојпат, наместо да ги стерилизирате во рерна или на рингла, обидетете се во машина за миење садови...

0
731

Машината се вклучува на програма на 60 или 70 степени Целзиусови, откако претходно се наредени теглите со краставички. Откако ќе заврши програмата, теглите не се вадат веднаш, туку се оставаат во затворена машина уште најмалку 6 часа.

Не чудете се, рецептот е проверен! И на овој начин се врши стерилизација на зеленчукот.

Во краставичките претходно се става вода, 2 лажици алкохолен оцет, половина лажичка сол, 1 до 2 лажички шеќер, црн и бел бибер и лист од ловор.

Фото: Pixabay