Брускети со печено балсамирано цвекло

0
769

Ова предјадење го истакнува слаткиот и земјен вкус на печеното цвекло и неговата вибрантна боја.

Состојки:
(за 6-8 порции)
1 мала главица црвен кромид, ситно сечкан
1 багет, пресечен по дијагонала на неколку парчиња
1-2 лажици кафен шеќер
1-2 лажици балсамиран оцет
сол и свежо мелен црн пипер
6 лажички јогурт со ниска масленост
6 парчиња цвекло со средна големина
2 лажици маслиново масло
3 чешниња лук, сечкани
1 лажица сечкан рузмарин
чили (по желба)
нане

Приготвување:
1. Во мал сад измешајте јогурт со малку нане, покријте го и ставете го во фрижидер. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.

2. Отсечете ги горниот и долниот крај од цвеклото, и сочувајте ги зелените делови настрана. Убаво излупете го горниот слој. Во голем сад измешајте масло, лук, рузмарин, сол и пипер. Извалкајте ги цвеклата во садот, за да се прекријат убаво со смесата од зачини. Ставете ги цвеклата на хартија за печење и печете ги 45-55 минути со повремено превртување, додека омекнат.

3. Додека цвеклото се пече, измијте ги убаво зелените делови кои што претходно ги отстранивте, исчистете ги од никулците и исечкајте ги. Во тава со двојно дно, ставете кромид во маринада, и пржете со промешување околу шест минути. Додајте ги зелените делови од цвеклото и гответе додека омекнат сосема, околу три минути. Тргнете ја тавата од оган и посипете малку сол и пипер.

4. Наредете ги парчињата од багетот врз хартија за печење и ставете ги на тостер. Тостирајте ги од двете страни околу три минути. Откако приготвеното цвекло ќе се излади, пресечете го прво на половина а потоа на тенки крукчиња. Ставете го во друг сад и додајте кафен шеќер и оцет. Промешајте.

5. Најпрво ставете од зелените делови на цвеклото врз лепчињата, а потоа наредете и од цвеклото. Гарнирајте со мешавината од јогурт и нане и послужете.