Ако тргнете во берба на печурки, никогаш не се раководете само по описот или по фотографијата на печурките затоа што тоа не е доволно за сигурна идентификација. Со печурките секогаш треба да се биде многу внимателен затоа што, како што вели и насловот, сите печурки се јадат, но некои само еднаш.
Доколку сте љубител на вргањот, но не се осмелувате да одите во берба сами ниту пак со луѓе кои се добри познавачи, секогаш можете да одите на пазар и да си купите.
Овој рецепт е одлична идеја за сите, а особено за оние кои не јадат месо.
Рецепт за гулаш од вргањ и црно вино
Состојки:
500 г вргањ
1 кромид
1 чешне лук
1 дл црно вино
1/2 лажичка мелен црвен пипер
1/4 лажичка чили
1/2 лажичка мажуран
1/2 лажичка магдонос
Сол, црн пипер
Приготвување:
Исчистете го вргањот и исечете го на подебели парчиња. Исечкајте го кромидот и динстајте го додека не омекне, а потоа додадете го лукчето и кратко издинстајте додека не замириса. Додадете ги печурките и продинстајте ги па додадете вино со малку вода и зачинете.
Послужете со палента или со ориз.
Фото: Pixabay