„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“: Дегустација на роденденска торта, точно напладне

Место на „злосторството“ е Веро-центарот кадешто ќе можат да се видат и да се пробаат најубавите торти. Точно на пладне, и роденденската, за 10.роденден на манифестацијата Интерскопкејкс 2018.

0
350

Наближува денот што најмногу ќе ги израдува љубителите на торти – утре, 10 ноември во Веро- центарот, ќе се случува манифестацијата „ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2018“.

Традиционално и по десетти пат, јубилејот ќе помине со многу интересна програма – изработка на роденденска торта, интересни гости, прогласување на најубавите торти…

Стартот е од 11 часот кога Ване Маркоски и Ирена Спировска како домаќини го најавуваат предизвикот – изработка на големата роденденска торта, која потоа и ќе се дегустира. Ќе биде тоа вистински празник за очи а ќе ја подготвуваат шефовите од Гастромак.

Богатата програма ја сочинуваат изведувачите – Акдемја рекреатива, Еурека, Студио Ребис од Влае, Студио Абстракт, Боби Спаценсовски со музичката група од училиштето за слепи „Димитар Влахов“, Академија Рекреатива, Олја и Елиза, Бенд Хепи Енд, Пламенка… Загарантирано внимание е со учесниците на карвингот, Black Box натпреварот, ама и со натпреварот за брзо јадење.

Дегустацијата на роденденската торта е точно напладне, а ќе биде доделена и наградата за животно дело. Имате многу причини во сабота да бидете дел од овој голем настан, што го организираат Град Скопје во соработка со Хуманитарната организација, ХОА – Ангелчиња.