Секојдневно сме бомбардирани со реклами за производи кои ветуваат чудесни резултати кога станува збор за исфрлањето на токсините од нашиот организам. Но, вистината е всушност тоа дека нашиот организам секој ден го прави токму тоа.
Нашиот црн дроб е чудесен – тој е примарен орган за детоксикација и секојдневно работи на тоа да ги исфрли од телото штетните материи.
Главната цел на неговата работа е штетните материи, односно, токсините во организмот да ги направи помалку штетни за да можеме безбедно да ги исфрлиме од организмот, а во тоа му помагаат соединенијата од храната која секојдневно ја консумираме.
Заради неправилната исхрана и нечистотиите од околината на кои сме секојдневно изложени, на нашиот црн дроб добро би му дошла мала помош во спроведувањето на детоксикацијата. За среќа, еден од наједноставните начини како да се спроведе тоа е консумирањето на намирници кои изобилуваат со хранливи материи. Значи, ако сакате да му помогнете на својот црн дроб во детоксикацијата, потрудете се во својата исхрана да ги внесете следните намирници.
Артичоки: Тие се повеќе од деликатес – артичоките содржат соединенија кои се познати по тоа што го стимулираат протокот на жолч.
Кромид: Интересно е што соединенијата заради кои кромидот има специфичен мирис, се всушност одговорни за неговите детоксикациски својства. Станува збор за сулфиди, соединенија со сулфур кои му помагаат на црниот дроб во реакциите во фаза 1, прв чекор во елиминацијата на токсините растворливи во масти.
Цвекло: Беталаинот е соединение кое на цвеклото му дава карактеристична темна боја, а му помага на црниот дроб во спроведувањето на реакциите во фаза 2, чија цел е да се овозможи излачување и елиминација на толсините од организмот.
Ленено семе: Не смееме да ја занемариме ниту важноста на влакната во детоксикацијата, а лененото семе е еден од одличните извори на влакна. Тие содржат и растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во отстранувањето на токсините. Исто така, лигнаните од ленот штитат од токсичните естрогени. Се покажало дека го намалуваат нивото 17 – бета естродиолот во крвта кој се поврзува со туморите зависни од естроген.
Фото: Pixabay