Истражување: Одвикнувањето од џанкфуд, слично со одвикнувањето од дрога

Резултатите покажале дека учесниците при „симнувањето“ од џанк храна искусиле тага, иритабилност, замор.

0
181

Секое од поранешните истражувања се занимавало со шеќерите и последиците што тие ги предизвикуваат во телото.

Но, ова истражување зборува за последиците во телото по престанувањето на земањето на останатите видови на храна кои се нарекуваат „junk food“ и според него, постои можност да ги имате нуспојави кои се слични на оние по престанувањето на земањето дрога.

Како што наведуваат бројни научници првите денови се најтешки, како и кај користењето на останатите препарати за слабеење.

Во рамките на новата студија авторите побарале од 231 возрасни лица да пријават што се случило кога ја намалиле количината неквалитетна храна во својата исхрана.

Резултатите покажале дека учесниците при „симнувањето“ од џанк храна искусиле тага, иритабилност, замор и неиздржлива желба за таква храна во првите 2 до 5 дена по престанувањето.

После тоа, негативните влијанија избледеле. Тоа можеме да го споредиме со траењето на симптомите по прекинувањето на консумацијата на дрога, велат истражувачите.

Фото: Pixabay