Мезе, вино и вински муабети во „Пастел“

Синоќа, во пресрет на третиот Скопски вински салон - Винодонија 2018, во ресторанот Пастел, новинарите и тимот на Винодонија, на неформална дружба, квалитетно вино и вкусна закуска

0
359
Третиот по ред Скопски вински салон – Винодонија 2018, организиран од група вински ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, ќе се одржи на 23. и 24. ноември (петок и сабота) во Хотел Мериот Скопје.
На настанот ќе се дегустираат повеќе од 300 вина од над 40 винарии од земјава и од странство (Италија, Хрватска, Црна Гора и Србија), кои ќе бидат изложувачи на Винодонија 2018.
Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и работилници (специјални, ексклузивни и мастер клас дегустации), предавања, спарување на вино и храна, но и ексклузивна гала вечера.
Како увертира во годинешната Винодонија, синоќа, тимот на Винодонија (Александар Вучковски и Дејан Донев)
и новинарите, на заедничка неформална дружба во ресторанот „Пастел“ дегустираа неколку видови бело и црвено вино.