Вкусете го Тајланд во центарот на Скопје

Денеска и утре (23. и 24.10) во „Pastel Wine & Dine" имате можност да ја пробате тајландската кујна и да се уверите дека тајландската храна е и убава и вкусна, токму каква што ја подготвува и шеф Влатко Огненовски кој за ова се обучил на вистинското место - во Тајланд.

0
412
Тајландската кујна е една од најдобрите во светски рамки, а ја карактеризираат силни и лути зачини и добро избалансирани вкусови. Секое тајландско јадење мора да има четири видови на вкусови: солено, слатко, кисело и луто.
Најголемо влијание на специјалитетите на оваа земја имале Кина и Индија, но и соседните, Бурма, Лаос, Камбоџа и Малезија.

 

На жителите на Тајланд храната им е многу важна и тие немаат одредено време за јадење, туку јадат кога се гладни, а во готвењето се обидуваат да постигнат баланс помеѓу јин и јанг намирниците (намирници кои го загреваат и намирници кои го ладат организмот).

Тие се раководат од идејата дека храната мора да биде убава за да биде вкусна, па сите јадења ги декорираат со свеж зеленчук. Главна состојка на речиси секое јадење е секако, оризот или тестенините од ориз, а ги комбинираат со месо, со морски плодови и задолжително со некој зеленчук, овошје или мешунки.

Сето тоа со изобилие од зачини како што се лимонова трева, кари, разни видови чили пиперчиња, ѓумбир, итн.

Доколку сѐ уште не сте имале шанса да ја пробате оваа кујна, денеска и утре во „Pastel Wine & Dine“, во центарот на Скопје ќе имате можност да ги пробате тајландските специјалитети подготвени од вештите раце на шеф Влатко Огненовски, кој тајландската кујна ја има совладано на Samui Institute of Thai Culinary Arts, на Тајланд.

Менито чини 890 денари и вклучува:

Thai chicken coconut soup (Тајландска пилешка кокос супа)
Homemade spring rolls with sweet & sour cream (домашни пролетни ролни со слатка и кисела павлака)
Rice paper with rice noodles (Оризова хартија со оризови нудли)
Jasmine rice with chicken green curry (Јасмин ориз со пилешко зелено кари)
Dehydrated carrot with coconut flakes (Дехидриран морков со кокосови снегулки)

За љубителите на вино:

Rosé Elegia Syrah Dalvina (за двете предјадења)
Riesling Bovin (за главното јадење)
Muscat Blanc Imaco (за десертот)

Резервирајте го вашето место на 02/321- 4447.