Состојки:
4 јајца
1 шолја шеќер
1 шолја масло
1 шолја и ¾ пире од тиква
1 лажичка ванила
2 шолји брашно
2 лажички прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички цимет
¼ лажиче морско оревче
¼ лажиче ѓумбир во прав
За кремот:
Крем сирење
Шеќер
Ванила
Пченкарен скроб
Приготвување:
Изматете ги јајцата со шеќерот, потоа додадете го маслото, пирето од тиква и 1 лажичка ванила. Додадете ги сувите состојки: 2 чаши брашно, 2 кафени лажички прашок за пециво, 1 лажичка сода бикарбона, 2 лажички цимет, ¼ лажичка морско оревче и ¼ лажичка ѓумбир во прав. Ставете ја смесата во тепсија.
Потоа направете ја мешавината за кремот. Измешајте омекнато крем сирење, шеќер, ванила и пченкарен скроб додека не се изедначи смесата. Преместете ја мешавината во кесичка и отсечете го аголот па нацртајте ги линиите дијагонално врз смесата од тиква.
Печете 25-30 минути. Оставете да се олади целосно пред сервирањето.