Астробиолог се обидува да готви на Антарктикот на минус 70

Само за забава, Киприан Версо, глациолог и астробиолог кој моментално работи на најоддалечената научна база во светот (Конкордија, во Антарктикот). одлучил да излезе надвор и да „готви“, правејќи фотографии од различни видови на храна во состојба на длабоко замрзнување.

0
490

Киприан Версо е глациолог и астробиолог, кој моментално работи на најоддалечената научна база во светот: Конкордија, во Антарктикот. Дури и Меѓународната вселенска станица, 400 километри над Земјата, е поблиску до цивилизацијата од ова место, длабоко во ледените пустини на нашиот најизолиран и најнегостопримлив континент.

Кога не е зафатен со собирање примероци и истражувања за климата во минатите епохи, Киприан има блог на кој го споделува своето искуство од живеењето во оваа екстремна средина, тешкотиите да направите работи кои во нормални околности сите ние ги земаме здраво за готово. Киприан и мала група научници се сами во базата сместена во длабочините на зимата во Антарктикот, кадешто дури и бактериите не можат да преживеат.

Девет месеци во годината, во текот на зимата, не може ниту да замине, ниту да се дојде таму затоа што е толку ладно што возилата не можат да дојдат и да си одат. Во моментов таму се сместени 13 луѓе: техничари, научници, готвачи и лекар.

Недостатокот на кислород и пустиотот пејзаж прави научниците да се чувствуваат како да живеат на друга планета. Тоа е најстудената област на Земјата, при што температурата се спушта под -80 ° C во зима, воздухот е исклучително сув и сиромашен со кислород.

И покрај сето тоа Конкордија е многу привлечна за истражувачите од различни области, како што се астрономијата, човечката физиологија (Европската вселенска агенција ја користи оваа база за да ја проучува човечката адаптација на она што е многу слично на идните услови на Месечината или на Марс), глациологијата, атмосферските науки и геофизиката.

Киприан и неговите колеги научници работат на расветлување на начинот на кој климата се променила во минатото и даваат увид во можните промени во иднина. Истражувањето направено тука дава непроценливи информации за климатските промени. Благодарение на проектот ЕПИКА спроведен таму, знаеме дека нивоата на стакленичките гасови, конкретно јаглеродниот диоксид и метанот, никогаш не биле толку високи во последните 800 000 години.

Само за забава, Киприан одлучил да излезе надвор и да „готви“, правејќи фотографии од различни видови на храна во состојба на длабоко замрзнување. Се разбира, тоа е само игра, но сликите јасно го илустрираат апсолутниот интензитет на студот таму, на Антарктикот.

Со почетокот на зимата тие немаат свежа храна (бидејќи немаат снабдување со храна од почетокот на февруари до почетокот на ноември), па јадат главно замрзната храна: со оглед на тоа што температурите никогаш не се позитивни, храната ја чуваат надвор, во контејнери.

Еве ги неверојатните фотографии од неговиот експеримент – готвење на -70.