Синоќа, во Дистрикт бар и ресторан имавме прекрасна можност да дегустираме неколку гастрономски ремек-дела во рамки на новиот концепт наречен Chef’s Table.
Станува збор за нов и уникатен начин да се ужива во неколку специјалитети, дел од менито составено од 5 до 10 јадења, кулинарски приказни од различни делови на светот, инаку, дело на шеф Кирил Ставрев.
Тој не прошета низ светот на гастрономијата, не запозна со дел од неговите тајни и ни овозможи да вкусиме од сите тие прекрасни чинии кои се редеа пред нас.
Chef’s table е всушност концепт кој е релативно нов во нашата држава, а е многу популарен низ светот. Поентата e за сите љубители на храна да се овозможи дружење заедно со главниот шеф, кој ги носи „зад сцената” и ги објаснува сите техники на готвење.
Идејата е да се направи нешто уникатно и авангардно, надвор од стандардното мени и на некој начин да се направи суптилна едукација за уникатните вкусови и техники популарни низ светот.
Кирил секој месец ќе составува ново мени, инспириран од несекојдневните вкусови на медитеранската храна, а секое јадење ќе се служи и со посебна чаша вино.
Chef’s table:
- Amuse Bouche
Крцкава кожа од пиле со мед и зачини и афионско семе
2. Scallops /caviar/ beurre blanc
Скалопи со црн кавијар и сос од лимон и путер
3. Pork tenderloin /smoked Foie
Свинско филе роловано во зачини и пушена foiе gras (џигер од патка)
4. Raw Langoustine/Qinua/Red pepper
Свежи лангустини со киноа, пире од грашок и кулис од црвена пиперка
5. Ribeye/Carrot /Black garlic
Телешки рибај со сос од црн лук и моркови во глазура од хариса сос
6. Frozen Panna cotta