Се јадат свежи, во салати, а можат да послужат и како декорација на јадењата, но најдобри се пржени, особено полнети, на пример, со урда или рикота затоа што во тој случај ќе добиете совршена комбинација на кремаво и крцкаво. Урдата можете да ја збогатите со рендан пармезан, свежи ароматични зачини, или пак со моцарела, инчуни, или пак со парченца пршут.
Цветови полнети со урда и пармезан
Потребни состојки:
10 цветови тиквици
Три лажици урда
Пармезан по вкус
По желба во смесата додадете исечкан свеж босилек и оригано и лажичка пропржени исечкани пињоли или семки од тиква.
Смеса:
1,5 дцл многу ладна минерална вода
2-3 лажици брашно
Приготвување:
Измешајте ги урдата, пармезанот и исечканиот босилек и наполнете ги цветовите. Секако, претходно измијте ги, оставете ги да се исушат и отстранете им ги петелките, како и толчниците и прашниците. Наполнете ги со приготвената смеса и завиткајте им ги врвовите за да не истече.
Смеса: Измешајте ги брашното и добро оладената минерална вода. Натопете ги цветовите во смесата и пржете ги на силно загреано масло максимум две минути. Откако ќе ги извадите од маслото, ставете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот масло и послужете ги топли.