Свадби како од бајките во ресторанот „Парк“

Идеалната свадба бара идеална локација, пријатен амбиент, добра организација, вкусна храна, паркинг места за гостите...

0
2845

Без разлика дали сакате голема или мала свадба, организирањето свадба бара донесување на многу одлуки. Од пронаоѓање идеална локација за прослава, до свадбена торта. Секако тука се вбројува и ангажирање на музички бенд, правење план за седење на гостите, декорација на просторот, соодветно осветлување кое ќе долови магична атмосфера, избирање на мени, венчаница, одело за младоженецот, бидерамаер, бурми, китенки… Листата е долга и широка.

Свадбата е крунисување на љубовта, па затоа никој не се штеди кога се во прашање деталите за таа да изгледа и да биде совршена. Свадбата е скапо задоволство за кое вреди да се потроши и последниот денар.

Се на едно место може да се најде во новиот ресторан „Парк“ чие отвoрање е закажано за 1 мај.

Ресторан Парк 3

Пакет од услуги нуди новиот ресторан кој е дел од синџирот на веќе изграденото име во угостителството „Рагуза“. Идеална локација во срцето на градот, простор од 600 квадратни метри, капацитет кој овозможува свадбена прослава за 360 лица. Паркинг за 100 возила, професионално осветлување, специјално изготвен „wedding planner“.

– Наш основен предизвик е секоја свадба да биде успешно реализирана, младенците да се задоволни, а гостите доволно импресионирани за да раскажуваат. Прекрасниот амбиент, внимателно осмислениот концепт, како и нашата локација во градскиот парк на Скопје, го прават овој свадбен ресторан поинаков и се само дел од причините зошто токму тука да го прославите вашиот посебен ден. Покрај сите останати детали, за една успешна прослава потребна е и одлична храна. Дозволете да ви организираме прослава која ќе се памети – велат сопствениците на ресторанот „Парк“.

(промотивен текст)