Специјално од Торино, фотографии и текст: Драгица Христова
Вечерта пред последниот ден од одржувањето на Тера Мадре, најголемиот фестивал на храната во Торино, се одржа и големото дефиле, најшарениот и највпечатливиот настан во рамките на фестивалот.
Река народ, сите претставници, делегати и учесници на Тера Мадре, во сите бои на светот, светот чекореа заедно веејќи ги знамињата на своите држави и симболично си разменија пакетчиња со храна. Меѓу нив и македонската делегација.
Дефилето се одвиваше во околината на местото на одржување на настанот, саемот Лингото.
Еве како изгледаше: