Што треба да јадете ако цел ден седите?

Цел ден седите на работа? Тогаш дефинитивно мора да ја прилагодите исхраната кон својот седечки начин на живот.

0
966

Ако работите во канцеларија, на компјутер, на благајна или, всушност, речиси секоја работа која не е физичка, тогаш сигурно тешко можете да избегнете осумчасовно седење и тоа од ден на ден. Бидејќи нашето тело еволуцијата не го создала за седење туку за движење, тоа има големо влијание (и тоа лошо) на нашиот организам. Оној кој долго седи е почесто гладен, склон кон почести воспаленија, покачен крвен притисок и покачен шеќер. Затоа е многу важна здравата исхрана. Овие намирници треба задолжително да ги вклучите во вашето мени …

Бобинки

Ако редовно јадете бобинки, можете да ги намалите воспаленијата во телото. Причината се флавоноидите што ги содржат тие. Најдобро е уште наутро да изедете нешто од тоа вкусно овошје богато со вредни материи.

Јаткасти плодови

Во јаткастите плодови, на пример, во оревите, има полно омега-3 масни киселини. Бадемите содржат и многу антиоксиданси  витамин Е а тоа ги штити клетките и ја разубавува кожата.

Ананас

Во ананасот има многу бромелаин кои делува противвоспалително. .

Маслиново масло

Маслиновото масло е вистинско волшебно оружје: делува противоспалително и го намалува ризикот од болестите на крвотокот.

Куркума

Овој зачин не е добар само поради убавиот изглед, односно бојата што ѝ ја дава на храната-исклучително е здрав и делува противоспалително.

Лук

Ароматичен доаток на сите јадења, но и успешни во бората против воспаленијата. Исто така, лукот го регулира нивото на шеќер и маснотии во крвта.

Масни риби 

Масните риби како лосос или харинга, содржат многу омега 3 масни киселини. На телото овие киселини му требаат за битните процеси на размена на материи- а не може да ги произведе самото. Затоа е потребно дополнително да се внесуваат.

Авокадо

Тие го одржуваат здравјето на мускулните клетки, но и се делотворни во борбата против маснотиите на стомакот.