Колачиња со путер од кикирики

Овие колачиња се наједноставни, се прават од само три состојки и што е најинтересно, без брашно

0
422

Состојки:

1 јајце
1 чаша шеќер
1 чаша путер од кикирики

Приготвување:

Во голема чинија, изматете го јајцето и другите состојки.

Се прават топчиња и се притискаат со вилушка.
Наредете ги врз хартија за печење и печете 15-20 минути во загреана рерна.