Како се случило нешто што несомнено дебелее, сосема сигурно го покачува инсулинот, може да предизвика ИР (инсулинска резистенција),дијабетес, ги расипува забите, итн, стана здрава намирница преполна со антиоксиданси кои му помагаат на здравјето на кардиоваскуланрите органи и се превенција од канцер и што уште не?
Индустријата на чоколадо бележи постојан раст на профитот во светот. Една од причините е и тоа што е чоколадото „научно докажано“, здраво, па се купува сѐ повеќе, без размислување и се јаде сѐ повеќе, без грижа на совест.
Прехранбената индустрија плаќа оргомни пари за истражувања во своја полза
Изминатите 30 години, најголемите могули во производството на чоколадо, ккао што се Нестле или Марс, вложиле буквално милијарди долари во научни истражувања за да ја поддржат „какао науката“. Тоа не е ништо ново.
Производителите на шеќери уште пред 50 години плаќале и истражувања за штетноста на мастите, за да го свртат вниманието од штетноста на шеќерите.
Производителите на апарати за правење сокови и шејкови плаќале истражувања кои докажуваат дека цедените сокови и смутиња ја креваат концентрацијата или го намалуваат ризикот од дијабетес.
Производителот на сокови, Welch Foods, плаќал истражувања кои го поткрепуваат нивното маркетиншко тврдење дека грејп џусот ја подобрува работата на мозокот.
Производителите на овесни снегулки, Quaker Oats, плаќале истражувања кои докажуваат дека само со еден оброк од снегулки ќе бидеме подолго сити
Предминатата година Њујорк Тајмс откри дека Кока кола плаќала високо друштво на научници и научни организации за да ја промовираат пораката на Кока кола дека причина за дебелината не е шише Кока кола, туку дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на движењето и вежбањето, а помалку на храната. Под притисок на јавноста поради ова откритие, компанијата Кока-кола ги објавила деталите за финансирањето (132.8 милијарди долари) на повеќе медицински институции и здруженија во периодот помеѓу 2010. и 2015.година, меѓу кои е и Американската педијатриска академија, финансиски поддржана да ја пласира оваа маркетиншка порака.
Како какаото и црното чоколадо станаа здрави?
Зошто тогаш не чуди и тоа што компанијата Марс, творец на Snickers, Twix, M&M, уште во 1982.година оснива Center for Cocoa Health Science во Бразил, кој сите овие години го докажува, помеѓу останатото, поволното влијание на какаото врз човековото здравје. Здружен со друга компанија на истиот финансиер, Mars Symbioscience (основан во 2005.година), се создаваат еден куп научни докази за поволното влијание на какаото врз здравјето и овие две научно-истражувачки установи ги преплавуваат медиумите со научни докази дека е какаото здраво.
Само од компанијата Марс, односно, нејзините научно-истражувачки центри, излегуваат дури 140 научни студии и докази за лековитоста на какаото. Оттука и сите оние бомбастични наслови какви што има и кај нас:
Чоколадото лекува рак!
Докажано дека чоколадото го намалува ризикот од срцев удар!
Научниците докажале дека чоколадото го намалува крвниот притисок!
Звучи убедливо, зарем не?
Црното чоколадо е буквално катапултирано во редот на супер-храна, заедно со чиа семето, авокадото, куркумата и останатите супер-здрави намирници, зачини и слични, и ја подигна до небо продажбата на чоколадо со поголем процент на какао.
Сета таа војска нови, на здравје и здрава исхрана ориентирани потрошувачи кои се заканувале да ја затворат индустријата за слатки со својата нова свест за здравјето, сега релаксирано, не жалејќи пари за скапите премиум црни чоколади со 80 проценти какап, наголемо купува.
Сепак, наспроти сите напори на индустријата за чоколади да го поврзат црното чоколадо со здравјето, не постои ниту едно независно истражување кое би го поткрепило нивното тврдење дека чоколадото, или какаото, дава било какви позитивни здравствени последици мерено на подолг рок.
А ако с ејаде во големи количини, со сите свои проценти на масти и шеќери, чоколадото ќе има докажано лоши последици, ако не на друго, барем на ширината на струкот.
Новинарите од списанието VOX, анализирале 100 студии излезени од Марсовата работилница и утврдиле дека 98% од резултатите на студиите се во полза на здравствените бенефити од чоколадото, додека само 2% се неутрални.
Мала состојка која наголемо го смени светот на чоколадите. И пазарот.
Тежиштето на сите споменати студии за благотворноста на какаото, паднало на кревките плеќи на една малечка состојка во какаото – флавоноидите. Оваа фито-состојка која има својство на антиоксиданси, добила задача да докаже дека неговото присуство во какаото ќе промовира и здрав кардиоваскуларен систем на оној кој го јаде. Затоа, маркетиншките здравствени тврдења на компанијата Марс звучат вака: со редовно консумирање на флавоноиди од какаото може да се подигне расположението и когнитивните перформанси; црното чоколадо ја поттикнува непречената работа на кардиоваскуларниот систем; какаото може да биде корисно во лекувањето на автоимуните болести. И така натаму.
Потрошувачите добиле дозвола без ограничувања да јадат цено чоколадо и да кажат: па што, јас сега ја земам својата дневна доза флавоноиди!
А што е работата со биофлавоноидите кои ги има во овошјето и зеленчукот? Тие играат улога на антиоксиданси и го помагаат опуштањето на крвните садови, што последично доведува до подобра циркулација на крвотокот, што последично доведува до подобра работа на срцето, што последично го намалува крвниот притисок, го намалува ризикот од инфаркт,…
Но, ако сметате дека флавоноидите од црното чоколадо ќе го направат сето тоа за вас, бидете подготвени да се најадете многу чоколади.
Еве ја пресметката на VOX:
Колку какао е потребно да изедете дневно (или од него направено чоколадо), за да добиете позитивен ефект од флавоноидите од какаото?
14 грама чисто какао (70 kcal – на пазарот нема чисто какао)
125 г 100% црно чоколадо (750 kcal – нешто помалку од половина од вкупните дневни калориски потреби на една возрасна жена)
740 г чоколаден прелив (3.170 kcal <- вкупна дневна потреба за калории на возрасњн млад маж во развој, кој тренира)
1.2 кг млечно чокола (5.850 kcal – вкупна калориска потеба на возрасна жена за речиси три цели денови!
Порака
Не постои супер храна, сама по себе. Постои храна и постои индустриски прехранбен производ. Да не е првото, не би се одржале како вид. Да не е второто, не би се одржале како цивилизација.
За да ја најдеме вистинската мерка во храната. Потребно е да најдеме најдеме мера за златна средина во количините и во изборите, а не менијата да ни бидат составени од бомбастични наслови, затоа што зад секој се крие нечиј профит.
Јадете сѐ и јадете умерено, и така нема да згрешите. Не постои супер храна, постојат само скапи клучни зборови.