Ако сте љубител на модрите патлиџани, знаете дека ним не им треба многу…измијте ги ставете ги на малку путер или маслинов зејтин, наредете им по едно тркалце домат, ставете капак и почекајте да омекнат.
Додадете сол и свежи листови босилек, а ако баш сакате, односно, немате дома некој што мисли дека лукот смрди, ставете и лукче.
Малку сирење, маслинки и вашиот ручек е готов.