Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, па се препорачува во диетите за слабеење.
Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, а се верува и дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.
Исто така, ја подобрува и концентрацијата и содржи значајни количини витамин.
Затоа, ако ве мрзи да готвите, без грижа на совест „спукајте“ еден брз ручек со тиквички.
Состојки:
2 тиквички
2 јајца
150 г сирење
пармезан за поросување
2 лажици брашно или презли
сол, црн пипер, копар или други зачини по ваш вкус
Приготвување:
Изрендајте ги тиквичките, посолете и оставете ги да пуштат течност.
Исцедете ги, па измешајте ги со матените јајца, здробеното сирење и 2 лажици брашно или презли, зачинете, измешајте и ставете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад и печете додека не се зарумени во загреана рерна на 180 степени.
Извадете го тавчето, поросете одозгора пармезан и вратете го уште пет минути во рерната.