Француската гастрономија е запишана во нематеријалното наследство, нивните готвачи се татковци на модерната гастрономија, а на јадењата како што е багетот им се пристапува како на проект за национална безбедност. Ако одите во Франција и сакате да оставите добар впечаток, добро е да се придржувате кон правилата за да не предизвикате скандал или, во најмала рака, неодобрување.
Да побарате добро печен одрезок
Во Франција не е необично да се добие крваво парче месо, напротив, тоа е знак дека е месото добро и дека не треба да се расипува со печење. Ако не сакате да навредите Французин, подобро е да нарачате убаво и сочно розеникаво парче месо со зеленчук.
Да упропастите убаво вино
Баш како што е случај и со фините сирења во фонду, истото правило важи и за виното за готвење. Ако ставите шише првокласно вино во рижото, не одговараме за последиците.
Да побарате кечап
Во Франција е ова дозволено само во синџирите за брза храна, но ако го нарачате во ресторан кој држи до високата кујна, би можеле да ве депортираат.
Ако го премачкате кроасанот со путер
Путерот е во секој слој од француските кроасани, затоа никако не го правете ова. Бидете внимателни и со сланината и со другите додатоци.
Да ја размачкате паштетата од гуска по лепчето
Ако сакате добро да ја размачкате паштетата по тостот, воздржете се. Подобро е да земете парченце и да го ставите само на она делче од лебот кое планирате да го гризнете.
Да нарачате Кок ау вин без петел или вино
Со други зборови, Французите се гордеат со своите јадења и со традиционалните рецепти, токму такви какви што се. Тоа би било слично на тоа да нарачате полнети пиперки или бурек без мелено месо.
Да нарачате пиво со вечерата
Да, ако нарачате пиво сигурно ќе им го расипете апетитот.
Ако додадете зрел бофор во фонду
Иако некои сметаат дека нема добро фонду без квалитетно сирење, скапоцените одлежани сирења е најдобро да се остават настрана. Со својата арома ова сирење ќе ги замаскира другите вкусови.
Ако згрешите со виното
Точењето вино во чаша до врвот можеби некој и ќе ви го прости, но мешањето вино со вода или сок, нема да ви го прости. Се советува и држење на чашата за сталакот, како и бришење на усните со салфета пред секоја голтка.
Ако одбиете храна
Иако полжавите и изнутриците некои не ги сакаат, ако сакате да оставите добар впечаток, стиснете ги забите.