Диња: не само вкусна, туку и здрава

Покрај лубениците, за многумина асоцијација за лето се и дињите. Освен што се вкусни, слатки и здрави, за некои проблеми тие се и лек. Еве како да одберете слатка и зрела диња и како за 5 минути да направите од неа сладолед

0
317

Портокаловата боја на овој сочен плод укажува на изобилие од каротен кој е силен антиоксиданс. Иако за консумација се преферира сочното месо од дињите, во некои народи на Јужна Америка и Азија најценети се семките.

Дињата е одлична и ако сте на диета затоа што во 150 грама има само 53 калории, 13 грама јагленохидрати, а мноштво влакна и витамини А и Ц. Кај некои калифорниски сорти измерени се количини од овие витамини кои можат дури и целосно да ја задоволат нашата дневна потреба за нив.

Освен тоа, дињата изобилува со антиоксидансите колин, зеаксантин и бета каротен кои даваат заштита од низа болести – од обична настинка па сѐ до рак.

Зрела е и слатка ако…

При купувањето обрнете внимание на петелката. Ако околу неа се создаваат капки вода, тоа е знак дека е плодот набран премногу рано. Кај зрелите дињи петелката лесно отпаѓа, а на тоа место останува мала вдлабнатина. Пред да ја исечете добро измијте ја под млаз топла вода за да не влезат нечистотиите во јадливиот дел. Исечениот плод се чува во фрижидер максимум три дена во затворен сад за да не се пренесува нивната силна арома на другите намирници.

Со оглед на тоа што речиси 95 отсто од дињата се вода, а таа е идеална за хидратизација во текот на врелите летни денови.

Семките содржат протеини, влакна и омега-3 масни киселини во облик на алфа-линоленски киселини. Посебно се препорачуваат кај лица кои имаат проблеми со бубрезите и со камен во бубрег.

Во Индија овие семки се мелат и се ставаат во јогурт или во млеко, а цели семки во слатки и во алва.

Дињата содржи нутриенти кои се важни за здравјето на очите, го намалуваат ризикот од астма, го регулираат крвниот притисок, помагаат во варењето, но придонесуваат и за убавина на кожата и косата.

Маслото од семки во минатото бил лек против кашлица, висока температура, паразити, против пречки врзани со варењето, за болни бубрези и за уринарниот тракт.

Сладолед од диња

За овој сладолед од диња ви требаат само пет минути.

Состојки:

300 мл слатка павлака

100 г кафеав шеќер

1 зрела диња исечена на коцки

Сок од свеж лимон

 
Приготвување:

Павлаката и шеќерот загрејте ги до вриење и мешајте додека шеќерот не се растопи. Тргнете од оган.

Дињата и сокот од лимон ставете ги во блендер и мешајте додека не се соединат, а потоа додадете ги павлаката и шеќерот и уште малку мешајте па ставете ја добиената смеса во сад за да се замрзне, но дури кога смесата ќе се олади.