Едноставен чај против алергии и за имунитет

Сезоната на полен трае од февруари па до крајот на октомври. За да се изборите во време на ударните периоди може да ви помогне оваа мешавина од чаеви која е одлична и за јакнење на имунитетот.

0
715

Обично се издвојуваат три големи поленски сезони – сезона на треви, сезона на дрвја и сезона на корови. Вие можете да имате проблеми само во една сезона, ако сте алергични само на еден вид на полен или во текот на сите три сезони.

Обично тоа е поделено такашто крајот на февруари и почетокот на март носат полен од зрната на дрвјата, од април почнуваат тревите, додека пак од август до крајот на октомври „царува“ поленот на коровот.

Оваа мешавина од чаеви му дава на вашето тело добра доза витамини, минерали и антиоксиданти, кои ви се повеќе од потребни. Пожелно е да користите органски билки за да бидете сигурни дека чајот навистина добро ќе делува.

Чај против алергии

2 шолји суви листови од коприва

2 шолји суви листови од зелен чај

1 шолја суви шипки

Приготвување:

Помешајте ги овие чаеви во сад, но не ги притискајте затоа што ќе ги испуштат етеричните масла. Ставете ја мешавината во стакле сад или во лимена кутија и добро затворете. Чувајте на ладно и темно место.

Чајот го правите такашто ќе прелиете 1 лажица од оваа чајна мешавина со 1 шолја зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 10 минути.