Совршен е за пикници, скари или едноставно како летен деликатес. Може да се приготвува на мноштво начини, но во нашите краишта најчесто се вари или се пече на скара.
Самиот избор на пченката не е некоја наука, но сепак треба да се обрне внимание. Прв чекор при изборот на пченката е оценката на зелениот дел со кои е покриен класот, а кој треба да е со бистра зелена боја и на допир, лесно влажен. Сувите листови или оние кои имаат потемна боја упатуваат на стара пченка.
Следното на што треба да обрнете внимание е крајот од кој е скината пченката а кој доколку има кафеавкаста боја, значи дека е пченката набрана доста претходно. Свилената коса не смее да оддава знаци на пропаѓање и скапување и би требало да има златно-жолта до лесно кафена боја. Свежо набраната пченка има силна боја.
Ставете ги класчињата во зовриена посолена вода, поклопете го тенџерето и зависно од сортата, варете 10-20 минути. Ако сакате поблага пченка, додадете во водата лажичка шеќер. Кога е сварена пченката послужете ја со путер, сол и црн пипер, доколку сакате побогат вкус.
Освен класично печење на скара, интересен начин на приготвување е и употребата на алуминиумска фолија. Премачкајте ја фолијата со растопен путер, па додадете сол и црн пипер по желба. Добро завиткајте го класчето во фолија и печете 10-12 минути.