Ако се храните со овие намирници ова и сите следни лета, со гаранција нема да бидете жедни, ниту пак ќе морате да се грижите дали сте внесле доволно вода во организмот.
Свежи краставици
Дури 90 проценти од свежите краставици се вода, па се идеални за секој ден. Содржат влакна и витамин Ц, а го намалуваат и потењето. Уфрлете ги во своето дневно мени и многу брзо ќе воочите подобрување во својот организам.
Сос од домати
Како и краставиците, доматите исто така содржат голем процент на вода и малку калории. Сосот од домати е идеален за летните денови, а можете да ставите од сосот на разни тестенини и пици.
Модри патлиџани
Ги имаат сите одлики на здрава храна: мноштво влакна и вода, и малку калории. Додадете ги задолжително во својата летна исхрана.
Тиквички
Ако доматите и краставиците се преполни со вода, што останува за тиквичките во чиј состав има дури 95 проценти вода. Освен тоа, содржат и богатство од витамини А и Ц и калиум и ете одговор зошто треба да се јадат во големи количини.
Лубеница
Во нејзиниот состав наоѓаме 92 проценти вода. Но тоа не е сѐ. Калциум, магнезиум, калиум и натриум се состојки кои ја прават оваа намирница пожелна и идеална за жешките денови.
Круши
Покрај својот сладок и освежителен вкус, крушите содржат и здрави влакна и многу вода. Во принцип, имаат сѐ што ви треба за да бидете во топ форма.
Ананас
Чудесно овошје! Не само што нема да ве соатви жедни, туку ќе ве заштити од многу здравствени проблеми..