Карела, уште позната и како горчлива диња, има издолжен облик и потсетува на краставица.
Сокот од оваа егзотична билка може да го потисне растот на ракот на панкреас, без нус појави. А делува и против ракот на дојка, ракот на простата, на дебело црево, црн дроб, желудник, како и кај леукемијата и неуробластомот.
Истражувачите од Универзитетот од Colorado Cancer Center купиле дињи во локалната продавница, ја отстраниле пулпата и семете и со помош на соковник правиле сок. Крутите материи се отстранети, а преостанатиот сок е користен при тестирањето на два начини. Директно на културите на клетките или такашто е замрзнат па смелен во ситен прав кој е подоцна користен за хранење глувци.
Сокот од горчлива диња (разреден само 5 отсто во вода) делувал силно на намалување на сите 4 карциноми.
Сокот предизвикал клеточна смрт (апоптоза) и што е уште поважно, го активирал AMPK, што укажува дека го попречува метаболизмот на глукозата и буквално ги изгладнува клетките на ракот оставајќи ги без шеќер.
Откако глувците биле хранети со прав од замрзнат сок, дошло до 64-процентно намалување. Значи, дејството е слично како и кај хемотерапијата (52% после 18 дена), која се дава за лекување на рак на панкреас, но без видливи нуспојави.
Тоа би значело дека луѓето кои имаат 75 килограми треба да земаат шест грама од овој прав. Слична доза од 4,8 грама прав од замрзнат сок се користела во рамките на неодамнешната студија. Имено, три месеци им ја давале на заболените од метаболички синдром. Лекот делувал и генерално, сите пациенти добро го поднесувале.
Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени придобивки дури неодамна станаа актуелни во западната медицина. Оваа билка е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде што жителите се познати по својата долговечност.