Состојки:
За подлогата:
400 г урми
120 г какао во прав
120 г бадеми
120 г ореви + 40 г исечкани ореви
За преливот:
90 г какао
90 г урми
160 мл кокосово млеко
55 г кокосово масло
¼ шолја топла вода
Приготвување:
За да ја направите подлогата ставете ги сите состојки освен исечканите ореви во блендер и мешајте додека не добиете паста. На крајот додадете ги сечканите ореви и ставете ја подлогата во калап за да добиете кора.
За прелив, смелете ги урмите во блендер, додадете млеко, какао и вода сѐ додека не добиете компактна смеса. На крајот помешајте го и стопеното масло од кокос. Ставете го филот врз кората о оставете да се олади во фрижидер.