Состојки:
1/2 литар јогурт
1 прашок за пециво
3 јајца
Брашно по потреба
Сол (ставете ако сакате да бидат солени, а ако сакате неутрален вкус за да ги јадете и во солени и во благи комбинации, не ставајте ништо)
Приготвување:
Ставете го јогуртот во еден сад, додадете ги јајцата, прашокот за пециво и евентуално, сол.
Сѐ измешајте и додавајте од брашното додека не стане тврдо како тесто за погача.
Расукајте го тестото на дебелина на прст и исечете го во форма на правоаголници или на квадратчиња, и пржете ги во загреано масло.
Вкусни се и ако ги јадете со сирење, но и со мармалад.