Најсочната и најароматична штрудла со сливи

Сезоната на сливи треба да се искористи максимално. Секако, со нив може да се прави сѐ и сешто а одлични се во комбинација со цимет, ванила, бадеми...

0
319

За да ја направите ви требаат само 6 кори, секоја премачкана со путер, за да биде покрцкава, а за да биде посочна, во филот можете да додадете и сварен пудинг од ванила. Пред печењето поросете кафеав шеќер кој ќе се карамелизира.

Состојки:

6 кори

1 кг сливи

80 г шеќер

80 г путер

100 г презли

мелен цимет

кора од лимон

шеќер во прав

Приготвување:

Исчистете ги сливите од семки, исечете ги на четвртинки и динстајте ги на путер и шеќер. Кога ќе омекнат, додадете им цимет и кора од лимон.

Премачкајте ја кората со путер, па покријте ја со друга кора која потоа ќе ја попрскате со стопен путер и ставете од сливите кои ќе ги поросите со презли. Свиткајте во ролат и ставете во тепсија.

Повторете ја постапката сѐ додека не се потроши целиот материјал. Премачкајте ги ролатите со преостанатиот путер и поросете со кафеав шеќер или пак, кога ќе се испечат, со шеќер во прав.

Печете 40 минути на 200°C.