Состојки:
4 помали парчиња пилешки гради
1 зрело авокадо
2 лажици исечкан црвен кромид
¼ шолја исечкан домат
1 лажица сок од лимета
2 јајца
Сол, црн пипер
2 лажички кора од лимета
½ лажичка лук во прав
¼ лажичка чили во прав
¼ лажичка мелен кумин
1 шолја лебни трошки
Приготвување:
Вклучете ја рерната да се грее на 200 C, истенчете ја и оставете ја настрана. Исчистете го авокадото и згмечете го со вилушка во помал сад, додадете сок од лимета, црвен кромид, домати и малку сол.
Добиениот сос премачкајте го врз месото, завиткајте и прицврстете со чепкалки. Во плитка чинија изматете јајца, а во друга чинија ставете ги лебните трошки, кора лимон, лук, чили, кумин, малку сол и црн пипер и сѐ измешајте. Ролните прво извалкајте ја во јајца, потоа во трошки и наредете ги во тепсија.
Печете 30 минути во загреана рерна.