10 намирници кои секој маж треба да ги има дома

Високото ниво на енергија не го одржувајте со енергетски пијалоци, туку со кафе. Овој напиток има многу малку калории, а студиите покажале дека ги засилува ефектите од вежбањето.

0
712

Снабдете се со намирници кои се богати со добри маснотии, белковини и прехранбени влакна, и го подобруваат машкото здравје.

  1. Булгур

Булгурот е богат со прехранбени влакна, железо, белковини и витамин Б6. Се приготвува едноставно, а може да послужи како прилог за јадење или наместо овесна каша за појадок. Како и другите целовити житарки тој ја намалува можноста од добивање кардиоваскуларни болести.

  1. Путер од кикирики

Сите путери од јаткасти плодови се калорични намирници. Во една лажица ќе најдете околу 200 калории, но и доста здрави маснотии кои гаранатираат здравје на срцето и крвотокот.

Студијата објавена во списанието Journal of the American Medical Association покажала дека консумацијата на две лажици путер од кикирики дневно може да го намали ризикот од добивање дијабетес тип 2 за дури 30 отсто.

  1. Суви урми

„Многу машки клиенти се потпираат на енергетските плочки за да се зајакнат пред или после вежбањето, но тие обично содржат многу различни намирници“, вели нутриционистката Џенифер МекДаниел, па додава дека во финансиска смисла ќе поминете подобро ако натопите сува урма во малку путер од кикирики. Оваа комбинација е полна со прехранбени влакна, и е добар извор на витамини Б, калиум, железо и магнезиум.

  1. Сардини

„Сардините се достапни, а се често занемарен извор на омега 3 масни киселини“, вели нутриционистката Кејлин Сент Џон од институтот Natural Gourmet во Њујорк. Овие важни нутриенти ги намалуваат воспаленијата во организмот и го снижуваат нивото на лошиот холестерол.

  1. Интегрални тестенини и леб

Тестенините од бело брашно е направено од житарки на кои им е остранета надворешната обвивка.

„Токму во неа „живеат“ сите вредни нутриенти“, вели нутриционистката Ребека Луис. Затоа, кога ќе се зажелите за тестенини, одберете интегрални. Истото важи и за лебот.

  1. Грав

Гравот е одличен извор на белковини, сложени јагленохидрати и прехранбени влакна. Згора на сѐ оваа намирница гарантира долга заситеност. Ако немате време за готвење, гравот можете да го купите и во конзерва.

„Ставете го гравот под млаз вода во траење од 30 секунди. На тој начин ќе ја измиете вишокот сол која не ви е потребна“, советува Ребека Луис.

  1. Кафе

Високото ниво на енергија не го одржувајте со енергетски пијалоци, туку со кафе. Овој напиток има многу малку калории, а студиите покажале дека ги засилува ефектите од вежбањето.

Студијата објавена во списанието Internationl Journal of Sport Nutrition and Excercise Metabolism открила дека кафето пред вежбање гарантира согорување на 15 отсто после вежбањето, отколку кај лицата кои не пиеле кафе.

  1. Цимет

Циметот е моќен зачин кои има антивоспалителни и антибактериски својства, а некои истражувања покажале и дека ја регулира количината на шеќер во крвта кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2. Стручњаците советуваат да ставите прстофат од овој зачин во утринското кафе.

  1. Леќа

Во 200 грама леќа се наоѓаат импресивни 16 грама прехранбени влакна кои ја подобруваат работата на срцето, како и 18 грама белковини што ги градат сите клетки во телото.

Леќата е исто така една од најдостапните и најефтини извори на белковини. Не се колебајте, додадете ја во варивата или во омилените салати.

  1. Јаболков оцет

Умерено користење на јаболков оцет може да го намали ризикот од добивање дијабетес тип 2. Ако помешате лажичка јаболков оцет со малку топла вода, ќе ја поттикнете работата на варењето. Овој вид на оцет можете да го аплицирате и на косата во текот на миењето, за да го забрзате растењето на косата и да го зголемите волуменот на косата.